Неколку дена пред и по 26 септември редок спектакл на небото:Јупитер најблиску до Земјата во последните 59 години

191

Најголемата планета во Сончевиот систем, Јупитер ќе се доближи до Земјата на 26 септември најмногу во последните 59 години.

Опозицијата е вообичаена за Јупитер, се случува секои 13 месеци, а таа планета и Земјата се приближуваат една до друга приближно еднаш годишно. Меѓутоа, ретко се покопува Земјата да биде меѓу Сонцето и Јупитер истовремено кога Јупитер се приближува до Земјата.

 

Овој пат, Јупитер ќе биде оддалечен од Земјата „само“ околу 590 милиони километри, а инаку таа далечина е околу 965 милиони километри. Ќе изгледа необично светла и голема, па така сите кои ќе одлучат да го набљудуваат невото, ќе можат да ги видат неговите карактеристики.

Јупитер би требало да биде во одлична позиција за набљудувачите на небото со двоглед или мал телескоп неколку дена претходно, и неколку дена по 26 септември, пренесува порталот „Спејс“.

Најдобро е да го набљудувате „гасовитот џин„ од локација која е на повисока надморска височина, кога небото е темно во подрачје со суво време.
„Глетката би требало да биде најдобра за набљудување неколку дена пред и неколку дена по 26 септември. Искористете ги тие денови за набљудување на невото – покрај Месечината, Јупитер би требало да биде едно од најсветлите, ако не и најсветлото небесно тело во тој период“, изјави истражувачот на НАСА Адам Кобелски.