Некои луѓе ми работеа зад грб

73

Минатиот месец како гром од ведро небо одекна ненадејната одлука на Меџик Џонсон да си замине од позицијата директор на кошаркарските операции во тимот на Лос Анџелес Лејкерс.

Иако многумина му судеа, тој конечно собра сили и за првпат по раскинот со неговиот клуб проговори за случувањата во тимот.

  • Сакам да ѝ се заблагодарам на Џини Бас (сопственичката на Лејкерс) за можноста да бидам на таа позиција. Уште кога пристигнав ѝ реков дека не можам да се откажам од другите бизниси, бидејќи преку нив заработувам многу повеќе пари отколку во кошарката. Потоа ја прашав дали ќе ја имам моќта да бидам одговорен за секоја одлука. Таа ми потврди дека се согласува со овие две работи. Првата година беше одлична, но потоа почнаа проблемите. Слушнав дека ми зборуваат зад грб некои луѓе дека не работам доволно, не се појавувам често во канцеларијата, а тоа не ми се допадна, истакна Меџик.