Поранешната манекенка, Линда Евангелиста се огласни на социјалните мрежи по повеќе од пет години молк. За некогаш најубавата жена во светот неодамна се пишуваше дека станала непрепознатлива и дека драстично се сменила, а сега таа во подолга објава на Инстаграм објани што и се случило.

„Денес се решив на голем чекор сакајќи да исправам се што е криво и да откријам низ што поминав и го држев во себе повеќе од пет години. На сите мои обожаватели кои се прашуваа зошто не работам, додека кариерите на моите колешки со кои заедно ја почнам модната приказна, беа повеќе од успешни. Причината се крие во тоа што третманот CoolSculpting брутално ме уништи и направи се спротивно од она што ми беше ветено“, објаснува Линда Евангелиста на својот профил на Инстаграм.
Славната манекенка се пожали дека третманот целосно и го уништил лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

„Наместо да ги намали моите масни клетки, третманот ми ги зголеми и ме остави трајно деформирана, дури и по двете болни, но неуспешни операции. Останав, токму како што пишуваа медиумите – непрепознатлива. Ми се случи парадоксална хиперплазија на масното ткиво, а за таа можност и ризик не бев предупредена пред третманот. Поради тоа не само што останав без средства за живот туку поради сето тоа паднав и во длабока депресија и тага о кон себе чувствував најголем презир“ – дополнува поранешната манекенка која со години царуваше на модните писти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

„Во тој процес станав осаменик, а со оваа тужба сакам да продолжам понатаму, да го тргнам од себе тој срам и јавно да ја раскажам мојата приказна. Уморна сум од ваков живот. Посакувам повторно да можам да излезам од куќата со крената глава , и покрај тоа што веќе не личам на себе“, додава Евангелиста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Линда Евангелиста во деведесетите години беше една од најуспешните и највлијателни манекенки. Во една прилика таа изјави дека не станува од кревет за понуда помала од 10.000 долари. Во времето на најголемата слава Линда ја прогласуваа за најубава жена во светот.