EPA/Carmen Jaspersen

Кога и да се појави некоја вест поврзана со Михаел Шумахер предизвикува големо внимание кај пошироката маса која со душа чека да слушне каква е вистинска здравствена состојба на легендарниот Формула 1 возач.

Овој пат новинарот Антонио Лобаро се најде во многу грда ситуација поради реченица што ја изговорил во програма во живо. Тој беше гостин коментатор на „ДАЗН“ во Шпанија, за време на пренос на трка во Формула 1, а потоа направи нешто по што ќе остане запаметен.

Имено, тој се пошегува на сметка на легендарниот Шумахер, кој не се појавува во јавноста од 2013 година, кога падна за време на скијање и се здоби со тешка повреда на главата.

Имено, еден од гостите во емисијата рече: „Нека Адријан Њуи (инженерот на Ред Бул) се тресе затоа што доаѓа Антонио Лобато, а тој реши да се надоврзе на тоа.

  • Нека се тресе Михаел Шумахер. Ах, не Михаел, тој не може да се тресе, додаде Лобато во страшната шега што ја изнесе.

Очекувано, оваа шега не ѝ се допадна на публиката, но многу брзо стана вирална. На крајот новинарот мораше да се извини за кажаното.

  • Направив грешка, но немав лоши намери. Тоа беше лош израз од моја страна. Не се изразив добро, истакна Лобато меѓу другото.

И покрај извинувањето, фановите на Михаел Шумахер, но и другите фанови на Формула 1, чувствуваат големо разочарување кон него поради сè што кажа.