Неимар ја прели чашата

300
epa10357559 Neymar of Brazil reacts after losing the FIFA World Cup 2022 quarter final soccer match between Croatia and Brazil at Education City Stadium in Doha, Qatar, 09 December 2022. EPA-EFE/Neil Hall

Актуелната сезона на францускиот гигант ПСЖ буквално зависи од двата натпревара против Баерн (М) во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони. Богатите Катарци потрошија милиони и милиони евра за да состават тим кој ќе го освои најважниот трофеј на клупската сцена, но тоа се уште се нема случено.

Пред една недела, популарните „светци“ беа елиминирани од вечниот ривал, Олимпик од Марсеј, во Купот на Франција, а за време на викендот, ПСЖ со 3:1 го загуби дерби натпреварот против Монако.

Сепак, проблемите со последните резултати се во втор план и тоа поради хаосот во соблекувалната, кој го предизвикува најскапиот играч во фудбалската историја, Неимар. Бразилецот после натпреварот со Монако направил невиден хаос во соблекувалната. Прво вербално ги нападнал тимските колеги, а потоа „удри“ и по спортскиот директор, Луис Кампос. Ова не е првпат Неимар да прави сериозни проблеми, но секогаш клубот му прогледуваше низ прсти.

„Ле Паризиен“ пишува дека во ПСЖ е донесена одлука дека најдобро е Неимар да си замине на крајот од сезоната затоа што извор на нервоза во соблекувалната. Неимар се пресели на „Паркот на принцовите“ во 2017 година откако Барселона го прифати понуденото обештетување од 222 мил. евра.