НЕЗАПАМТЕНА ТРАГЕДИЈА: Осумгодишно девојче почина во авион, залудни агресивните напори за реанимација

276

Осумгодишно девојче загина на летот на Јунајтед ерлајнс за САД, соопштија официјални лица.

Летот на Јунајтед 5121 полета од Џоплин, Мисури, во 6 часот наутро во четвртокот и беше упатен кон Чикаго кога се пренасочи кон Пеорија, Илиноис, околу 45 минути по полетувањето.

Официјални лица изјавија дека на девојчето, идентификувана како Сидни Вестон, и се слошило и дека авионот морал итно да слета.

„Нејзиното семејство веднаш го известило екипажот на летот за нејзината состојба и тие брзо почнале да пружаат помош“, рече судскиот вештак, според Дејли мејл.

Болничарите го пречекале детето на аеродромот по слетувањето на авионот, но Сидни не дишела и немала пулс, соопштија од коронерската канцеларија, пренесува Телеграф.

Сидни беше итно пренесена во болница, каде што беше прогласена за мртва нешто по 8 часот наутро, и покрај „агресивните напори за реанимација“.

Обдукцијата е закажана за в петок.

Сидни била од Мисури и летала на одмор со своето семејство пред да се случи трагедија.

Летот 5121 повторно полета за Чикаго околу 13 часот во четвртокот.