Независната угостителска комора одбележува две години постоење

11
epa09165142 People walk next to the empty tables of a coffee shop in Skopje, Republic of North Macedonia, 28 April 2021. North Macedonia?s government has decided to ease measures preventing the spread of Covid-19, coffee shops and restaurants can receive guests again, but only outdoors. They can serve the guests until 8:30 pm, since the 'curfew' starts at 9:00 pm, one hour later than the previous weeks. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Независната угостителска комора – НУК денеска ќе одбележи две години од нејзиното основање.

Од НУК соопштуваат дека изминатиот период од создавањето на комората до денес поминале период кога угостителската индустрија истрпи енормни штети и загуби како последица на пандемијата со Ковид-19.

– За тој период комората се соочуваше со предизвици како навреме и правилно да ја информира јавноста за новите правила, услови и ограничувања со кои се соочува во своето „не”работење и ги информира институциите за последиците и штетите што ги трпи од донесените несоодветни мерки. Сето тоа комората немаше да успее да го направи без пддршката на сите македонски медиуми, наведуваат од НУК.