
Англискиот премиерлигаш Евертон се обидел во самиот финиш од зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на францускиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Милан, Оливие Жиру. Италијанските медиуми открија дека искусниот напаѓач добил понуда да потпише 2-годишен договор, вреден 8.5 мил. фунти, но истиот го одбил со образложение дека сака да остане на „Сан Сиро“.