Невреме доаѓа од Словенија и Хрватска – ветер, грмотевици и град

124

Словенија и Хрватска попладнево се зафатени од невреме проследено со силен ветер, грмотевици, дожд, а на некои места е забележан и град.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, во Словенија само за неколку часа температурите паднаа за околу 10 степени, а во поголем дел од државата врнежите од дожд преминаа во снег.

Поради град има проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот меѓу Марибор и Цеље.

Метеоролошките служби во Хрватска пак известија обилни врнежи и грмотевици на повеќе места во државата, посебно во централниот дел. Најавите се дека во текот на ноќта, поради продор на студена воздушна маса од север, врнежи од дожд ќе преминат во снег.