Невработените Американци од утре може да останат без државна финансиска помош

59

Претставниците на демократите во Конгресот и актуелната републиканска администрација во Белата куќа не се близу до договор за продолжување на исплатата на финансиската помош на милиони невработени Американци.

Актуелната одлука за исплата на финансиска помош за оние кои ги загубија своите работни места поради пандемијата на коронавирус истече на 31 јули.

– Ова беше најдолгата средба досега и попродуктивна од другите. Но, сепак има многу отворени прашања, рече лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, по тричасовната средба со секретарот за финансии Стивен Мнучин и шефот на кабинетот на Трамп, Марк Медоус.

Мнучин рече дека разговорите биле конструктивни, но оти не е постигнат договор за тоа дали да се постигне краткорочен или посеопфатен договор.

Следниот состанок на демократите и републиканците е утре.