Невообичен судир на отворено небо: Авион влетал во јато фламинга – речиси 40 птици угинале, леталото претрпело оштетувања

180
Фото:пекселс

Авионот на Емирати безбедно слета во Мумбаи откако се судри со јато фламинга непосредно пред слетувањето. Десетици птици настрадаа од ударот на авионот, објави авиокомпанијата.

Боинг 777 кој летал на релација Дубаи-Мумбаи се судрил со јато фламинга, за кои се проценува дека имало околу 300 единки. Во ударот загинаа најмалку 36 фламинга.

Како што потврди портпаролот на компанијата „Емирати“ за Ројтерс, авионот слетал безбедно и сите патници се добро.

Сликите на локалните медиуми и на социјалните мрежи покажуваат сцени на мртви птици кои ги носат луѓе кои работат на аеродромот. Патем, овие птици секоја зима мигрираат од една област на Индија во градот Гуџарат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mirror Now (@mirrornow_in)

 

„Во инцидентот е оштетен авионот на Емирати. Повратниот лет на овој авион кој требаше да лета за Дубаи е откажан“, изјави портпаролот на компанијата Емирати.