Невеш одби поголема плата

97

Големиот талент од редовите на португалскиот гигант Бенфика, Жоао Невеш, ја одби понудата за продолжување на соработката до 2028 година. Младиот играч за врска е желба на големите ривали од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а челниците на Бенфика ќе седнат на преговарачката маса само доколку официјалната понуда не биде помала од 85 мил. фунти.