Неверојатна трансформација: Натпреварувачка на „Ѕвездите на Гранд“ „симна“ 88 килограми/ФОТО

1591
Фото: Youtube/Instagram

Поранешната натпреварувачка на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ Крстиња Тодоровиќ (24) со својата трансформација ги маѓепса своите следбеници на социјалните мрежи, но и гледачите пред малите екрани.

Оваа Црногорка во споменатото шоу пред две години влезе со 160, а сега има 72 килограми!

Режисерот на ова шоу Саша Поповиќ (67) при емитувањето на една од епизодите на кандидатката и ветил дека ќе плати за операцијата за отстранување на вишокот кожа, доколку ослабе, а тоа и го направи.

Имено, Крстиња во средата се огласи од болница на социјалните мрежи. Насликала цвеќиња покрај болничкиот кревет, но и себе си, покажувајќи дека операцијата поминала добро.

Операцијата е успешно завршена, горд сум на тебе“, напишал сопругот на поранешната натпреварувачка, пишуваат српските медиуми.

Крстиња по операцијата јавно им се заблагодари на своите пријатели за пораките за поддршка, но и на Саша Поповиќ кој и овозможил „да ги отстрани недостатоците“.