Неверојатна полициска акција во Јужна Кореја:Затворен град со 200.000 луѓе, војската претресува куќа по куќа и бара – муниција

71

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го затвори целиот северен град Хесан откако исчезнаа 653 куршуми за време на неодамнешното воено повлекување.

Полицајците наизменично ги претресуваат домовите во градот со околу 200.000 жители, изјавија два извора за Радио Слободна Азија, пишува Euroweeklynews.

„Градот ќе остане затворен додека не се најдат сите 653 куршуми“, изјави за RFA Korea анонимен жител на северната провинција Рајанганг, каде што се наоѓа градот Хесан.

Муницијата за автоматската пушка исчезнала додека војниците на 7-от корпус на Корејската народна армија се повлекле од областа околу градот, кој се наоѓа на границата со Кина. Војниците беа стационирани таму во 2020 година поради затворањето на границата за време на пандемијата на Ковид.

Кога се случил инцидентот, војниците прво не пријавиле, туку самите се обиделе да ги пронајдат исчезнатите куршуми. Но, кога не успеале да ги најдат, ги известиле жителите и почнале ригорозна потрага“, вели анонимниот извор.

Полицијата и војската покренаа истрага, го заклучија градот и претресуваат куќа по куќа. Тамошниот закон пропишува казна за принудна работа повеќе од три години за лицата кои поседуваат или пренесуваат муниција или оружје неовластено. Жителите се загрижени дека ако не се најде муниција, властите по случаен избор ќе казнат некој кој би можел да биде целосно невин, рече изворот.