Неверојатна досетливост на навивач на Мексико: Му пропадна обидот да прошверцува алкохол на стадионот во Катар/ВИДЕО

153
Фото: screenshot

Пред почетокот на Светското првенство, ФИФА забрани продажба на алкохол на сите стадиони во Катар каде се играат натпреварите на Светското првенство.

Сепак, тоа не ги спречи некои од навивачите да се обидат да го „прошверцуваат“ во азиската земја.

Се појави видео на кое јасно се гледа како обезбедувањето на мексиканските навивачи наоѓа алкохол во двоглед. Обезбедувањето веднаш реагирало и ги спречило да го внесат алкохолот на трибините.

Мексико во вторник на 22 ноември го одигра првиот натпревар на Светското првенство против Полска (0:0).