Неверојатен шпански тренд за барање љубов – хит на социјалите мрежи: Во супермаркет во потрага по партнер – ананас во корпата е тајниот код

169
Фото:принтскрин ТикТок

Заборавете на „Тиндер“ и другите апликации за запознавање, бидејќи во Шпанија се појави нов тренд за запознавање што ја полуде генерацијата Z и стана тотален хит на ТикТок. Младите Шпанци почнале да ја бараат љубовта во супермаркет, со мала помош на ананас, а токму за ова се работи.

Слободните млади луѓе во Шпанија почнале да одат во познат синџир супермаркети помеѓу 19 и 20 часот, додека користат таен код за да ги идентификуваат потенцијалните партнери. Оние кои бараат партнер ставаат ананас наопаку во нивните колички за пазаење за да покажат дека се достапни, а потоа се упатуваат во делот за вино, пренесува Би-Би-Си.

 

@marinabarrialFue divertido JAJAJAJA♬ sonido original – @clips_foryou1

Ако видат некој што им се допаѓа, го покажуваат својот интерес така што ќе ја удрат својата количка во нивната и потоа започнуваат разговор.

 

@miss.andersen8 Testing in Copenhagen the new trend in Spain: flirting in supermarkets, important: buy a pineapple, called Ligoteo Mercadona🍍🤪🤣#mercadona #dansktiktok #danskhumor #danskfyp #expatlife #expats #flirtingmood ♬ sonido original – 🌹Den glade enke❤️‍🔥😉

Покрај шифрата од ананас, има и други гестови кои ги користат, како на пример додавање чоколадо или слатки за да кажат дека бараат долга врска или нешто посериозно, додека ако бараат нешто лежерно, треба да додадат боранија или зелена салата во количката.

 

@inaczejaletaksamo Co sądzicie o podrywie na ananasa w supermarkecie ? Próbowaliście już?🍍#dating #supermarket #pineapple #ananas #trend @piotrbartha @tosiakaliciak ♬ Elevator Music – Bohoman

„Два часа со мојот ананас наопаку и никој не дојде да ми ја удри количката“, се пожали една девојка, додека друга се пошегува: „Ќе ја барам љубовта на мојот живот во супермаркет во 19 часот“.