Невакцинираните Грци ако не примат прва доза ќе плаќаат казна

76

Невакцинираните лица над 60-годишна возраст во Грција имаат рок уште два дена да ја примат првата доза за да ја избегнат казната од 100 евра месечно, со оглед на тоа што од 16 јануари стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација за конкретната старосна група, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите повтори дека оваа одлука е донесена од многу конкретни причини, „бидејќи девет од десет смртни случаи од Ковид ја погодуваат оваа возрасна група, седум од десет приклучени на апарати се постари од 60 години, а осум од десет интубирани лица се невакцинирани“.