Доколку предвреме биде прекината соработката со францускиот интернационалец Пол Погба, раководните лица на Манчестер Јунајтед ќе се обидат да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на Олимпик од Лион, Тангуи Ндомбеле.

Се погласни се шпекулациите дека Погба ќе си замине од „Олд Трафорд“ за време на летниот преоден рок и дека својата кариера ќе ја продолжи во редовите на шпанскиот гигант Реал (М).

Од друга страна, челниците на Лион ќе седнат на преговарачката маса само доколку официјалната понуда за Ндомбеле не биде помала од 90 мил. евра.