Италијанските медиуми открија дека калчолигашот Рома е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на францускиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Ајнтрахт од Франкфурт, Еван Ндика. Централниот дефанзивец на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а тоа значи дека може да се пресели на „Олимпико“ без никакво обештетување.