НБ: Позначајни движења во платниот биланс во првиот квартал од 2020 година

10

Во првиот квартал од 2020 година во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 157 милиони евра, при дефицит во стоковната размена и кај салдото на примарниот доход, се вели во соопштението на Народна банка на Република Северна Македонија

Во споредба со истиот квартал од минатата година, дефицитот во тековната сметка е намален за 1,2 милиона евра.

Кај финансиските трансакции со нерезиденти се остварени нето-приливи од 172,7 милиона евра, а позначајни нето-приливи се остварени кај директните инвестиции во износ од 132,7 милиони евра, соопштуваат од НБ.