Еден од најдобрите центри во НБА лигата, Андре Дрејмонд, минатата сезона по трет пат во кариерата беше прогласен за најдобар скокач во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување, каде во просек бележеше по 15.6 скокови по натпревар.

Пред доаѓањето на Зион Вилијамсон, кошаркарот на Детроит беше најтешкиот кошаркар во лигата, веднаш зад српскиот тешкаш Бобан Маријановиќ.

Сакајќи да биде уште подоминантен под рекетот, Андре ја откри својата формула, односно диета која ја практикува веќе неколку сезони наназад за време на летната пауза.

Неодамна, тој изјави дека од своето мени целосно го исфрлил црвеното месо, а диетата која ја води главно се состои од риба и зеленчук. Но, на толку голем човек неопходни му се повеќе калории, па поради тоа откри дека секој ден пие по едно пиво, што е невообичаено за врвните спортисти.

  • Ако работиш како што треба, тоа воопшто не е лошо, затоа и го правам, објасни Дрејмонд и додека дека омилени пива му се „Милер Лајт“ и „Корона“.

Новата прехранбена тактика на кошаркарот од САД сигурно нема да му помогне да го развие својот шут, а исфрлувањето на црвеното месо може негативно да влијае кога е во прашање агресивноста во играта, но затоа може да му се намали веројатноста од повреди. Какви ќе бидат ефектите со консумирањето на пиво, ќе видиме во текот на новата сезона.