Познатиот НБА кошаркар, Еј-Си Грин, е познат како многу религиозен човек, а за тоа најдобро говори една приказна од минатото, која многумина ги остави без зборови.

Додека сите негови соиграчи од клубовите каде што играше се забавувале секоја вечер и за време на ноќта менувале неколку сексуални партнерки, Грин немал таква намера.

Заради неговите религиозни убедувања не сакал да има врски. Тој ја започна и ја заврши кариерата без никаков сексуален однос, иако неговите соиграчи направија сè за да го променат. Тие буквално му нуделе девојки во неговата соба секој ден, но Грин не паднал на провокациите.

Кога девојките доаѓале во неговата соба, тој љубезно ги молел да си заминат, што воедно го правеле.

Грин ја изгуби невиноста дури откако ја напушти НБА-лигата, кога се ожени со денешната сопруга Вероника.