Челниците на НБА лигата објавија детален план за новата сезона, кој значително ќе се разликува од претходните.
Новата сезона започнува на 22 декември и регуларниот дел ќе се игра со 72 натпревари, наместо претходните 82.
Исто така беше одлучено да остане „плеј-ин турнирот“ што го видовме минатата сезона во „балон“. Оваа сезона ќе вклучува четири клуба наместо претходните три, односно оние што завршуваат помеѓу седмото и десеттото место во секоја конференција на крајот од регуларниот дел од сезоната. Седмопласираниот тим ќе има предност на домашен терен против осмопласираната екипа, а победник на тој дуел официјално ќе биде седмиот носител. Поразените од тој дуел ќе играат натпревар против победникот помеѓу деветтопласираната и десеттопласираната екипа, а на тој дуел поразените и официјално ќе бидат елиминирани.
НБА најде начин и како да го намали бројот на патувања за време на пандемијата. Секој тим ќе игра трипати против екипи од нивната конференција, додека тие ќе играат двапати против екипи од други конференции.
Плеј-офот треба да започне на 22 мај, додека новиот шампион треба да се добие најдоцна до 22 јули. Паузата за Ол-Стар беше планирана помеѓу 5 и 10 март, но НБА остана без одговор за тоа прашање, па останува да видиме дали воопшто ќе се одржи натпреварот кој првично требаше да се игра во Индијанаполис.