На 90 отсто од учениците во Кина се целосно вакцинирани

15

Кина ги вакцинираше во целост против корона вирусот 91 отсто од учениците на возраст меѓу 12 и 17 години, објави во средата државната телевизија, иако здравствените власти наведуваат дека училиштата и натаму треба да бидат претпазливи.

Избувнувањето на заразите на југоистокот од провинцијата Фуџијан на почетокот од септември, со 152 случаи на инфекција се случило меѓу невакцинирани ученици во најмалку четири основни училишта и две детски градинки, покажуват податоците на локалните власти.

Министерството за образование соопшти дека училиштата не би требало да бидат безгрижни, како и дека би требало да ги применат мерките против коронавирусот на начин кој е поефикасен и насочен.

Градовите Путиан и Ксиамен, каде што се забележани најмногу случаи во последното избувнување на коронаинфекциите, ја прекинаа наставата со физичко присуство во основните училишта и повеќето средни, а затворени се детските градинки.

Заразата ги поттикна властите во другите делови на Кина да објават предупредување во врска со патувањата поврзани со есенските празници кои почнуваат следната седмица и во пресрет на празникот кој трае една седмица и започнува на 1-ви октомври, иако државните медиумите предупредија на спротиставувања за воведување на ограничување на патувањата.

Ванг Денгфенг, функционер на министерството за образование, изјави за државната телевизија дека студентите и профеорите ги повикува да останат дома во текот на претстојните празници.

Кина во јули започна да ги вакцинира учениците на возраст од 12 до 17 години. Стапката на вакцинирање од 91 отсто е многу повеќе од националната стапка, којашто на 6-ти септември на малку под 70 отсто.