НА 29 МАРТ: Белгискиот бенд “Хуверфоник” доаѓа во Скопје

30

Публиката во Македонија на 29 март ќе има ексклузивна можност за прв пат во живо да го види и слушне извонредниот трип-хоп бенд Хуверфоник (Hooverphonic) чиј концерт ќе се одржи во салата на Македонската филхармонија. Инаку, Хуверфоник е белгиски бенд основан во 1995 година кој зад себе веќе има осум студиски албуми и неколку компилациски изданија, а некои од најголемите хитови кои ја одбележаа нивната кариера се легендарните „Mad about you“, „2 Wicky“, „Eden“, „Winegar and salt“….

Концертот во Скопје во организација на Авалон, е дел од нивната балканска турнеја на која имаат настапи во Загреб, Белград и во Софија. Кон средината на ноември минатата година, бендот го објави својот најнов албум „Лоокинг фор старс“ кој содржи 11 нумери на кои бендот експериментира со повеќе музички жанрови, но сепак останува верен на трип-хопот.

Албумот наиде и на одлични критики кај музичките рецензенти. Членовите на бендот се Алеџ Цаллиер композитор, продуцент и движечката сила на бендот, кој свири на клавијатури и на бас гитара, гитаристот Раѕмонд Геертс и вокалот Лука Цруѕсбергхс.