На 13. „Дрен колонија“ ќе творат и сликари и скулптори

51

По 13 пат, до 25  јули во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи веќе традиционалната ликовна колонија „Дрен 2021“, на која годинава освен што ќе творат сликари, дела во метал ќе создаваат и скулптори.

Годинава ќе творат 11 уметници од земјава и странство. Своите инспирации на платно ќе ги пренесат сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Марија Стојаноски – Петкоска, Александра Петкова, Буба Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков и Тони Чатлески, а во метал ќе работат скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Делата создадени на годинашната колонија наесен ќе бидат претставени на изложба.

Досега на колонијата се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот за култура. Ликовната колонија се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.