Петкратниот олимписки шампион во биатлон Јоханес Бо постави рекорд за најмногу победи во една сезона. Норвежанецот победи во спринтот на 10 километри во Светскиот куп во Холменколен, а ова е негова 17. победа сезонава.
Бо го собори сопствениот рекорд поставен во сезоната 2018/19, потоа победи на 16 трки.
Денеска и утре се на програмата последните две трки од сезоната кои ќе се одржат во Холменколен кога на распоредот е потера и масовниот старт.