На „Штипската пастрмалијада” ќе има 29 штандови

83

Угостителите и организацискиот тим од Општина Штип одржаа координативен состанок на кој беше потврдено дека подготовката ќе биде по универзалниот стандард односно 250 грама тесто и 150 грама месо. Годинава нема да има ексклузивен спонзор, туку покровител е градоначалникот.

– Се одржа информативен состанок со угостителите коишто пројавија желба и интерес да учествуваат на овогодинешната „Пастрмалијада“ во Штип. Задоволни сме од интересот. На овој состанок беа утврдени неколку технички и организациони работи коишто ни претстојат да ги сработиме пред почетокот на манифестацијата. Утврдена е цена на пастрмајлиите од 200 денари – изјави Александар Арсовски, член на организацискиот тим на Општина Штип.

Посочи дека пастрмалиите ќе се продаваат на вкупно 29 штанда кои ќе бидат понудени од угостителите. „Штипска пастрмалијада“ годинава ќе се одржи на 22 и 23 септември, кај Градскиот стадион.