На шопинг во Тотенхем

29
LONDON, ENGLAND - JANUARY 14: Ryan Sessegnon of Tottenham Hotspur controls the ball during the FA Cup Third Round Replay match between Tottenham Hotspur and Middlesbrough FC at Tottenham Hotspur Stadium on January 14, 2020 in London, England. (Photo by Sebastian Frej/MB Media/Getty Images)

Каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на двоецот од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Тангуи Ндомбеле и Рајан Сесењон. Двајцата фудбалери не се задоволни од минутажата која ја имаат во актуелната сезона и затоа планираат да си заминат од Лондон за време на летниот преоден рок. Шпанските медиуми открија дека во следните неколку дена Барса ќе испрати официјална понуда за двоецот на Тотенхем не помала од 70 мил. фунти.