На шега вперил пиштол, мислел дека е празен: Заменик на шериф на Флорида случајно убил колега

77

Заменик на шерифот во округот Бревард, Флорида, по грешка пукал и го убил својот колега, исто така заменик на шерифот.

Шерифот Ејви во видеото објавено на социјалните мрежи рече дека Ендрју Лосон (23) е обвинет за убиство од небрежност, пренесе АП.

Тој потврди дека вториот заменик Остин Волш (23) починал на местото на настанот рано наутро во саботата во својот стан во Палм Беј.

Инцидентот се случил кога двајца заменици на шерифот направиле пауза од играње онлајн-игра и додека стоеле и разговарале, Лосон извадил пиштол за кој верувал дека е испразнет и на шега го вперил во Волш пукајќи и убивајќи го, рече шерифот, пренесе Танјуг.