НА ФИНАЛНАТА ВЕЧЕР: Мадона ќе пее две песни на Евровизија

94

Поп-кралицата Мадона пристигна во Тел Авив, Израел, со приватен авион и со нејзината огромна придружба. Според весникот „Д Тајмс оф Израел“,таа слетала на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, за да учествува на финалната вечер на Евросонгот што ќе се одржи в сабота.

Неофицијално, таа за изведба на две песни на Евровизија добила еден милион евра од израелскиот бизнисмен Силван Адамс.

Останува пејачката да го потпише договорот со Европската радиодифузна унија.