На Фејсбук цвета дивиот превоз на патници

144

Според тврдењата на асоцијацијата на превозници „Исток“, со помош на фејсбук-групи се организира нелегален превоз скоро од сите градови во државата. Оттаму тврдат дека во Скопје дивите превозници најчесто се лоцирани околу Меѓуградската автобуска станица, поранешната автобуска станица до стоковна куќа Мост, студентските домови, на булевар „Партизанска“ во близина на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, факултетскиот комплекс кај Бит-пазар, ТЦ “Сити мол” .

Претседателот на „Исток“, Горан Трпковски за МИА вели дека основа за санкции и механизам постои, но државните институции молчат и не постапуваат во согласност со своите надлежности.

– Во фејсбук-групите преку кои се организира дивиот превоз има најмалку 50.000 членови, чиј број се зголемува постојано. Доколку само 30 проценти од нив патуваат осум пати месечно, иако зачленетите се претежно вработени кои патуваат секојдневно или студенти кои патуваат секој викенд, се доаѓа до бројка од 120.000 патници кои патуваат по осум пати со просечна цена на билет од 400 денари. Тоа месечно се неоданочени 48 милиони денари, а годишно 576 милиони денари. Значи, државната каса е оштетена со најмалку 2.880.000 денари 5 проценти ДДВ, со 57.600.000 денари данок на добивка – покажува анализата на „Исток“.

Оттаму истакнуват оти е загрижувачки податокот дека на дневно ниво 70 проценти од патниците се превезуваат со диви превозници, а само 30 проценти со легитимни.

Државниот инспекторат за транспорт до 2015 година времено одзел 91 возило за период од шест до 12 месеци, додека 154 возила беа трајно одземени.