НА УДАР ВЕНЕЦИЈА, ЊУЈОРК И ЛОНДОН – научниците во страв: „Дојдовме до точка од која нема враќање“

13021

Глобалното ниво на морињата се зголеми за околу 22 сантиметри од 1880 година. Секое ненадејно покачување може да биде катастрофално за крајбрежните градови како Лондон, Њујорк и Шангај.

Островската држава Кирибати е во опасност од глобалното затоплување. Имено, ниту еден дел од таа земја не се издига повеќе од два метра над Тихиот Океан, а научниците предвидуваат дека областа би можела да биде ненаселлива во следните неколку децении, што ќе резултира со раселување на стотици илјади луѓе.

Кирибати не е единствениот кој се соочува со закана од покачување на нивото на морето – од Венеција до Холандија, Малдивите и сè до Лондон и Њујорк. Крајбрежните градови низ светот ќе ги почувствуваат ефектите, сакале или не, а научниците стравуваат дека забрзаното топење на „глечерите на судниот ден“ на Антарктикот може да доведе до тоа најлошото сценарио да се случи уште побрзо.

Имено, за прв пат беа објавени докази дека топлата морска вода навлегува под „глечерот на судниот ден“ на Твајтс, што доведува до негово забрзано топење и следствено, до пораст на нивото на морето на глобално ниво. „Загрижувачки е што ја потценуваме брзината со која глечерот се менува, што ќе има катастрофални последици за крајбрежните заедници ширум светот“, д-р Кристин Дау, професорка на Факултетот за животна средина на Универзитетот во Ватерло и ко- автор на студијата, изјави за британски Телеграф. „Твајтс е најнестабилното место на Антарктикот“.

Како што температурите ширум светот се зголемуваат поради климатските промени, глечерите, планинските ледени плочи и поларните ледени капи се топат. Глобалното ниво на морето се зголеми за околу 22 сантиметри од 1880 година. Секое ненадејно покачување може да биде катастрофално за крајбрежните градови како Лондон, Њујорк и Шангај.

Глечерот Твејтс е со големина на Флорида и содржи доволно вода за да го подигне океанот за 65 сантиметри. Широк е 120 километри и длабок 1,2 километри и се топи со децении, а тим меѓународни научници сега откри докази дека глечерот уште посилно се топи. Ледената маса веќе сочинува 4 отсто од порастот на нивото на морето на планетата и губи 50 милијарди тони мраз годишно поради климатските промени.

„Постојат карактеристики во глечерот што укажуваат дека морската вода навлегува и ги полни езерата под мразот на таа локација, се полни и се празни“, објасни д-р Роб Лартер од Британското Антарктичко истражување, кој опширно го проучувал глечерот Твејтс, пишува Британски Телеграф.

„Веројатно стигнавме до точката од која нема враќање“

Авторите на студијата се надеваа дека ќе бидат потребни стотици години за Твајтс да го изгуби мразот, но сега стравуваат дека тоа би можело да биде прашање на децении. д-р. Лартер рече дека студијата претставува „алка што недостасува“ во објаснувањето што се случува „под стотици метри мраз“. Тимот користеше сателитски снимки со висока резолуција и хидролошки податоци за прецизно да ги лоцира џебовите со висок притисок каде што се издигнала површината на глечерот.

Научниците веруваат дека нациите кои се изложени на ризик од топење на глечерите треба да инвестираат во заштита од пораст на нивото на морето, како што направи Лондон со бариерата Темза. Долгорочно, велат тие, најдобриот начин напред е да се ограничат емисиите на јаглерод. Но, за глечерот „судниот ден“, можеби веќе е доцна. „Веројатно е предоцна да се запре повлекувањето на целиот арктички мраз“, рече д-р Лартер. „Веројатно стигнавме до точката од која нема враќање.