На традиционалниот “Ден на празот 2019“:Вредниот директор Зоран Шапуриќ со вредни домаќини

283

Откако стана директор на Инспекторатот за земјоделство, господинот Зоран Шапуриќ не пропушта, секако, од разбирливи практични причини, ниту една соодветна манифестација на која покрај собирања на новите знаења и максимално да другарува со луѓето. Но, тоа на овој харизматичен човек воопшто не му е проблем. Шапуриќ е познат како дружељубив кому најтешко му паѓа ако остане дома кога не е меѓу народот на лице место.

Па, така беше и неодамна на “Денот на празот“ во селото Градошорци, општина Василево. Зоран во својот препознатлив стил ја сподели радоста со селаните и со гостите на оваа манифестација, па под сликата на која е облечен во црвена јакна (неговата омилена боја која секогаш носи радост) се редеа коментарите низ кои сите ја поддржале заинтересираноста на директорот за оваа манифестација, за која и самиот тој искрено ни кажа дека е “убава традиција со вредни домаќини“.

Д.М.  /foto:FB/