На секој натпревар носи иста долна облека (Видео)

16

Челниците на ЕХФ – ТВ направија кусо интервју со голманката на македонскиот шампион Вардар, Амандин Лејно. Интервјуто со Французинката е направено пред дуелот со Турингер, а во истото ракометарката откри интересни детали. Таа имаше задача да одговара брзо и кусо на несекојдневни и малку незгодни прашања, а уште на првото даде интересен одговор.

ЕХФ: Кое е твоето лудо суеверие пред натпревар?

-Немам многу, но минатата сезона ја облекував истата долна облека на секој натпревар.

ЕХФ: Дали сакаш повеќе кучиња или мачиња?

-Куче дефинитивно, сто проценти.

ЕХФ: Како се чувствуваш за тоа што ЕП 2018 ќе го играш во твојата Франција?

-Играв СП во Фрнација во 2007 година и беше неверојатно чувство да се игра дома. Тогаш не успеавне да го осовиме, но се надевам дека ќе победиме следниот пат. Прекрасно е да играте дома.

ЕХФ: Дали повеќе сакаш да одиш по забави или на кино?

-Кино, бидејќи јас не сум многу девојка за забави. Повеќе сакам да гледам добар филм

ЕХФ: Кој е твојот најголем сон?

Да ја освојам Лигата на шампионите и титула со репрезентацијата на Франција.