На разголениот готвач Франко Нориега најомилени му се балканските сарми!

103

Еве што треба овој викенд да направат нашите домаќинки-готвачки. Треба да ги послушаат советите на моментално најпопуларниот светски готвач Италијанецот Франко Нориега, кој вниманието на жените го привлече не само со вкусните јадења туку и со тоа што готви секогаш полуразголен.

Тој стана вистински хит-готвач, а подготвува исклучително здрава храна. За да привлече и медиумско внимание му текнало дека преку престилката што ја носи врз себе, не треба ништо да има освен своето голо тело.
Тоа им се допадна на милиони жени-готвачки кои сега редовно го следат во многубројни ТВ-емисии или на неговиот јутјуб-канал. За добрата форма може да му заблагодари на исклучително здравиот начин на живот кој го промовира. Франко редовно оди во теретана, вози скејт и велосипед.

Сепак, кога е студено зимско време, доаѓа облечен, подготвува зимски јадења, од кои највкусни му се, замислете, токму нашите балкански сарми (завиткани и растурени) со малку мелено месо и повеќе ориз и зеленчук, печени на тивок оган во маслиново масло. Ги јаде додека “око да ти трепне“, а залиени со чашка добро италијанско црвено вино.      Д.М.   foto>>>Instagram