На повеќе места попладнево нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер

29

На повеќе места попладнево имаше развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и силен ветер, а имаше и изолирана појава на ситен град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

– Нестабилно беше и во Скопската Котлина. Доцна попладнево поголема и интензивна облачна маса со интензивни електрични празнења и поројни врнежи е активна во југоисточните делови – Берово, Неготино, Радовиш, Струмица, информираа од УХМР.

До крајот на денот и понатаму се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со можност за невреме со град и силен ветер. Во текот на ноќта атмосферата ќе се стабилизира.