На патните правци на истокот и југоистокот фрлени 80 тони сол

42

Источна Македонија ја зафатија врнежи од снег, но раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат “- Штип, Кире Коцев вели дека не создаваат проблеми на регионалните и магистрални патни правци.

Механизацијата на ЈП „ Македонија пат“ е на терен и на сите патни правци во источна и југоисточна Македонија се фрлени 100 кубни метри кубни абразивен материјал и околу 80 тони сол.

– Нашите камиони се на терен и се расчистени патните правци кон Плачковица, Конче, без проблеми се одвива и сообраќајот кон зимскиот центар Пониква. Останува апелот возачите на пат да не тргнуваат без зимска опрема и внимателно да возат, особено по клисурите каде има можност од појава на одрони – потенцира Коцев.