“На одмор сум, во Скопје сум“ – претстави, филмови, концерти за време на распустот

105

И ова лето, со претстави, филмови, концерти и креативни активности општина Центар ќе ги анимира децата и младите во текот на распустот.

– Вчеравечер со настапот на учениците на ООУ „Ј.Х. Песталоци“ во паркот Капиштец го најавивме почетокот на проектот “На одмор сум, во Скопје сум – Општина Центар мисли на мене“ кој традиционално го организираме за време на летниот распуст на учениците – објави на Фејсбук градоначалникот Саша Богдановиќ.