На низок старт поради Симонс

49

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, со посебно внимание ја следи ситуацијата околу холандскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Чави Симонс. Младиот играч за врска е во сопственост на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, но актуелната сезона ја одработува како позајмен фудбалер во Германија.