На најпознатиот балкански Јутјубер навредената девојка соодветно му одговори: Ех, Бака Прасе, сè би дала да ти го изгаснат Инстаграмот!

422

Тој остави вулгарен коментар на една девојка на Инстаграм, која носи шорц и со задникот е потпрена на ѕид: „Ех, што би дал да сум тој ѕид“!

Помладата генерација добро знае дека со помош на сегашната современа компјутерска техника може сосема комотно да се работи и од дома, а притоа и солидно да се заработува. Само треба знаење за тоа, умешност, снаодливост, но и малку повеќе да си брз, итар, да имаш убедливи зборови во пишувањето, да си свој на својот терен на интернет-натпреварот. И ете ти ги парите.

Така некако Србинот Богдан Илиќ, попознат на социјалните мрежи на милиони следбеници како Бака Прасе, за последните десетина години заработи огромни пари и тоа на чесен начин. Со тие пари сега купува луксузна куќа во Белград, за која наводно ќе плати околу милион евра. -Куќата што решив да ја купам е како мала зграда. Има три ката и тераса.

Одамна планирав да се преселам од моите, но никако не наоѓав некој простор кој би ги задоволил моите барања. Малку штедев и на крај решив да потрошам милион евра на оваа куќа. Тоа не се малку пари! Единственото што ми пречи е малиот двор. На моите сè уште не сум им кажал дека купив недвижност, но ќе им кажам, прво да ги подготвам за ова изненадување, да не добијат срцев напад.

Во меѓувреме додека купува скапа куќа, Бака Прасе повторно се посрамоти на социјалните мрежи (а, тоа сега често му се случува). Тој ѝ остави вулгарен коментар на една девојка на Инстаграм, која носи шорц и со задникот е потпрена на ѕид: „Ех, што би дал да сум тој ѕид“.
И девојката, изнервирана од напишаното, не штедела во зборовите, одговарајќи му на Бака Прасе: – Ех, а јас што сè би дала да ти го изгаснат Инстаграмот“. И го закопа популарниот јутјубер, кој призна дека девојката испаднала многу поитра од него. Д.М.