На МОТ: Скопска премиера на „Несоодветно за на работа“ 

151

Во Драмски театар-Скопје, утревечер (20 септември) со почеток во 20 часот,  скопската премиера ќе има претставата „Несоодветно за на работа“ по текст на британската авторка Луси Кирквуд, а во режија на холивудскиот актер Доналд В. Мофет. Претставата е во рамки на 44. Меѓународен театарски фестивал МОТ.

Македонската премиера, „Несоодветно за на работа“ имаше во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Во претставата играат Зоран Љутков, Ирена Ристиќ, Сања Арсовска, Игор Ангелов, Дамјан Цветановски, Стефан Вујисиќ.

„Низ серија екстремно луцидни и познати и блиски сцени од корпоративното, во случајов, медиумско секојдневие, во ова дело Кирквуд ни дава јасна слика за симптомите на едно метастазирано општество, прикажувајќи ја немилосрдната експлоатација која почнува, завршува или се прекршува врз женското тело. И самите жени често се покорни и/или амбициозни соучеснички во борбата чија единствена цел е победа врз послабите и профит по секоја цена, како и продолжувањето на патријархално-капиталистичкиот тренд на концентрација и задржување на (парите) моќта и искачувањето по корпоративната вертикала“, стои во најавата кон претставата.