На Марјан Коцев доста му е од текстовите за плачење!

95

Нашиот популарен фолкер Марјан Коцев покрај тоа што одбележува голем јубилеј, 25 години од својата музичка кариера, има сериозни забелешки за текстовите ко му се нудат за пеење од многубројни текстописци: – Сите што ми ги нудат песните, зборувам за автори на текстовите, сите ми нудат текстови за плачење, за тажење. Ај, навистина доста ни е на сите од тоа плачење.

Сакам текст каков што го има мојот голем хит “Ти само ти”, истакнува пејачот (за “Естрада плус”). Може да се пее и на крштевка и на свадба и на секакви други свечености. Таков текст треба да ни биде репер каков текст треба да се напише. Се разбира љубовен кој што секаде може да поминува, да се пее, раскажа Марјан.  Тој неодамна се врати од Австралија додека таму беше лето и каде што прекрасно си помина и професионално и приватно. За претстојното наше европско лето Марјан веќе има фатено боичка, а и наполнето батерии за концерти и настапи низ Македонија…..   Д.М.