На малиот Адам му се брзало: Тунижанка се породи на белградскиот аеродром

90

Аеродромската екипа, доктор и техничар направија сè, така што ние само го зедовме бебето и ги однесовме во болница, рекоа лекарите по среќното породување.

Туниска државјанка роди здраво машко бебе на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, објави денеска Српската радио и телевизија (РТС).

Доктор Даниела Јевтиќ од службата за брза помош изјави за РТС дека пораѓањето започнало на улица, а за само 10 минути по првиот труд, завршило во зградата на аеродромот во Белград.

Жената од Тунис родила здраво момче по име Адам, рече Др. Јевтиќ потврди дека мајката и бебето се добро.

„Тимот од аеродромот, докторот и техничарот направија сè, така што ние само го зедовме бебето и ги однесовме во болница. Им посакуваме се најдобро“, рече таа.

Станува збор за жена на возраст од 32 години, која на аеродромот пристигнала со својот сопруг за да пречекаат некого. Додека чекале, добила болки и тука се породила.