Биолозите на Мадагаскар пронашле редок вид камелеон кој бил последен пат виден пред сто години и за кој се мислело дека е изумрен.
Природонаучниците од Мадагаскар и од Германија соопштија дека во текот на експедицијата успеале да пронајдат десетина живи примероци од Велџковлевиот камелеон, ендемски вид кој последен пат бил виден пред Првата светска војна.
Камелеонот е откриен во текот на експедицијата на истражувачите од Светската организација за зачувување на дивите животински видови уште во 2018 година, но дури сега е објавено бидејќи сега е објавен и научниот труд.
„Претпоставував дека имаме добра можност повторно да го откриеме Фелцковљевиот камелеон, но ме изненади тоа што ни беше потребно толку време и што беше толку тешко, признава раководителот на истражувањето, Франк Глаф од минхенскиот Зоолошки институт.
Машките примероци од овој камелеон имаат светлозелена боја, но затоа женките можат да се пофалат со многу богата палета на бои. Нивните тела се прошарани со необични детали со силни бои, од разни нијанси на сина, црвена, виолетова и портокалова.
„Женките ја менуваат бојата во зависнст од своето „расположение“, а бројот на црвени точки на колковите варира од единка до единка, објаснуваат истражувачите.
Објавена е и видео-сника од овие ретки влекачи во нивното природно опкружување. Може да се види и забавена снимка како камелеонот лови плен, но и огномет од бои што го прави една женка.
Краткиот животен век и оддалеченото и непристапно живеалиште им помогнале на овој вид гуштери да опстане со децении скриен од очите на луѓето. Инаку, Фекцковљевиот камелеон се наоѓаше на врвот н а списокот изумрени видови кој го имаше составено оваа организација за зачувување на природата.
„Фелцковљевиот камелеон и дава боја и убавина на нашата планета и не потсетува дека и кога се се чини изгубено, голема авантура може да ја обнови надежта дури и за видови кои не сме ги виделе откако Вудро Вилсон беше претседател на САД, вели Дон Черч, претседател на организацијата.
Извор:www.cbs42.com