На листата на „Форбс“ 493 нови милијардери, меѓу нив и Ким Кардашијан

69

Списанието Форбс ја објави годишната листа на најбогати луѓе во светот. На списокот има 2.755 лица чие богатство надминува една милијарда долари. За прв пат на списокот се најдоа 493 нови милијардери, а меѓу нив е и Ким Кардашијан.

Нејзините козметички компании KKW Beauty и Skims и помогнале да се најде на таа престижна листа.

KKW Beauty Kim започнала во 2017 година, а Skims минатата година купи 20% од уделот во нејзината линија за козметика според договор кој се проценува на вредност од околу 1 милијарда долари. Форбс вели дека нејзиниот удел во компанијата сега вреди околу 500 милиони долари.

„Форбс“ наведува дека Ким има удел и во низа други приватни компании и иако точните податоци не се објавени, изворот тврди дека тежи вкупно повеќе од милијарда долари. Кардашијан има и други инвестиции, вклучително и бројни недвижнини, а исто така потпишала договор за услуга во стримингот Хулу. Секако, не треба да се заборави дека повеќе од 213 милиони луѓе ја следат на Инстаграм.

Не е првпат „Форбс“ да пишува за семејството Кардашијан. Минатата година Кајли Џенер беше прогласена за најмлада само-постигната милијардерка, но подоцна и беше одземена титулата.

Во последно време, таблоидите сè повеќе пишуваат за проблемите во бракот на Ким Кардашијан и музичарот Кание Вест, кои, наводно, сè уште не поднеле барање за развод.