На Европски универзитет ќе се одржи работилница „Позитивен начин на размислување…”

209

На Европскиот универзитет во Скопје во текот на месец октомври доц. д-р Зоран Крстевски ќе одржи четири работилници на тема: „Мотивација и свест за успешно образование„. Работилниците ќе се одржуваат секој вторник, а специјален гостин на денешната работилница која ќе биде на тема „Позитивен начин на размислување како пат кон среќно и хармонично живеење„ ќе биде реномираниот професот по етика, проф.д-р. Кирил Темков од Филозофскиот факултет во Скопје.

Едукацијата е клучен фактор за градење на личноста и создавање напредок во животот. За секој човек е исклучително битно да умее да го направи вистинскиот избор, да вложува во своето знаење и да се насочи кон позитивната патека на сопственото постоење. Кога постои мотивација и свест за успешно образование тогаш нужно се отвораат можностите за напредок и реализација на сопствените потенцијали. Вистинското образование е клучот на среќата, успехот и задоволството на животот.

Колку повеќе знаеме, толку повеќе вредиме. За да го оствариме тоа што го сакаме неопходно е позитивно да се мотивираме, да ја подигнеме својата свест и вистински да се образуваме.

Студирањето на Европскиот универзитет овозможува високо ниво на едукација, професионалност, одговорност и следење на иновативните наставни методи на современото образование.

Работилницата е со цел да ги информира, поттикне и мотивира младите своето академско образование да го градат врз начелата на мотивирачката едукација, ефикасноста, напредокот на личноста и позитивната свест за вистинските вредности на животот.