На Германија и недостигаат 80.000 возачи на камиони

40

Во Германија во моментов недостигаат 80.000 возачи. Ова може да доведе до тесни грла во снабдувањето, како што е моментално случајот во Велика Британија.

Кризата што ја има во Британија по Брегзит придонесе да нема доволно гориво на бензинските пумпи. Не дека има недостаток на гориво, туку нема кој истото да го транспортира до пумпите. Недостатокот на возачи на камиони поради излегувањето на земјата од ЕУ се чуствува силно. Но, слично сценарио може да ја снајде и Европа, особено Германија.

Германското сојузно здружение за транспорт, логистика и складирање на стоки (BGL) предупредува дека дури и европскиот економски гигант не е далеку од тоа сценарио, а тоа би можело да важи и за остатокот од континентот.

За разлика од Велика Британија, која сакаше да го контролира бројот на странски работници и тоа и донес енегативен ефект, Германија има друг тип на проблеми. Според Федералното биро за статистика, возачите на камиони заработувале во просек 14,21 евра бруто на час во 2020 година – во споредба со просечните 19,97 евра за квалификувани работници. Возачите на камиони во просек заработувале по 2.623 евра бруто месечно, додека вработените со слична обука и професионално искуство 3.286 евра.

Секоја година 30.000 камионџии се пензионираат, а има само меѓу 13.000 и 17.000 нови. Во Германија моментално има 80.000 помалку возачи. Се проценува дека првите сериозни недостатоци на производи поради недостиг на возачи на камиони би можеле да започнат во 2022 или 2023 година.