Родилка од Куманово заразена со корона вирус вчера била безбедно породена со царски рез на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје информира Телма.
Од Клиниката потврдиле за Телма дека бебето се наоѓа на интензивна нега, бидејќи породувањето било предвремено извршено. Персоналот ги презел сите потребни мерки според протоколот за заштита од корона вирусот.
Уште една родилка дошла со компликации и сепса, која предизвикала смрт кај бебето. Гинеколозите сметаат дека во овој случај не се работи за корона вирус, но сепак и таа ќе биде тестирана за Ковид 19.
Извор:Телма