Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) објави детали за истрагата за настаните на Големата награда на Абу Даби, последната трка од шампионатот на Формула 1 на која се решаваше титулата, а резултатите од деталната анализа ќе бидат објавени на 18 март. Пред да бидат објавени резултатите, се ќе им биде претставено на тимовите во февруари, а во истрагата се вклучи и новиот претседател на ФИА, Мохамед Бен Сулај.

Одлуката ќе биде објавена на 18 март, бидејќи во Бахреин ќе се одржи состанок на Светскиот мото-спортски совет, а потврден е и состанокот на 19 јануари, на кој ќе се разговара за употреба на безбедносно возило.